За нашиот проект


Проектот “Е-Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од ‘Центар за меѓукултурен дијалог’ (Македонија) и ‘Европски Институт’ (Бугарија), во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка.

Проектот се заснова на развој на социјална инфраструктура преку интернет страна [www.e-region.eu] за споделување и размена на информации, новости и различни можности за образование и вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи. Проектот поттикнува регионална соработка се со цел да се зголеми вработеноста и вклученоста, особено кај младите преку искористување на добрите практики во е-учењето и претприемништво.

Причини за започување на проектот:

Меѓуграничниот регион има висока стапка на невработеност и работна сила која има недостаток на современи, професионални вештини кои соодвестуваат со модерните побарувања на пазарот на трудот. Проектот нуди сеопфатен пристап кон покривање на недостигот на претприемачки вештини и ниското ниво на претприемачки иницијативи и дигитализација.

Активности на проектот:
Проектот се основа на е-учење, е-учество и развој на претприемачкиот дух, особено кај младите луѓе. Промовира размена на информации и новости преку развивањето на заеднички веб-портал за споделување и размена на информации, новости и различни можности за образование и вработување. Проектот го поттикнува користењето на информацисиските технологии во образованието, како суштински елемент во зголемување на подготвеноста на работната сила на пазарот на труд. Активностите ги поттикнуваат претприемачкиот дух преку директна обука и креираат можности за развојот на бизнис идеи преку директна структурна и образовна поддршка.

Главните активности на проектот се:

Истражување и анализа
Проектот ги мапира електронските медиуми, граѓански организации и институции од областа на стручно образование кои работат или спроведуваат активности во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија. Истотака преку оваа активност направивме анализа за образовните услуги и активности кои овие чинители ги нудат.

Е-Курсеви
Проектот спроведува и неколку онлајн курсеви. Курсевите опфаќаат теми како комуникациски вештини, пишување на лична биографија и мотивациско писмо и организациски менаџмент. Курсевите може да се посетуваат индивидуално и во групи. Повеќе информации за курсевите на проектот може да најдете тука.

Обуки за претприемништво
Со проектот се организираат две обуки за претприемништво кои ќе вклучуваат 80 млади луѓе, обезбедувајќи им компетенции од областа на претприемништвото, компјутерски вештини и можностите за самовработување.

Иницијативи за онлајн претприемништво
Во завршна фаза, ќе се реализира и натпревар на бизнис идеи заподнесени од страна на млади невработени граѓани кои живеат во прекуграничната област на Македонија и Бугарија. Најдобрите ќе бидат наградени.