Е-­‐Курсеви за помош при вработување и кариерен развој

Центар за меѓукултурен дијалог, започнува со Онлајн едукативна програма која ќе го доближи вработувањето до младите и ќе им понуди можност за отпочнување и надградување на професионални кариери.

Онлајн програмата се состои од Е-­‐курсеви наменети за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини и способности, се со цел да ги унапредат своите работни позиции и да им се олесни процесот на барање работа.

Преку курсевите младите ќе добијат подршка за подготвување на мотивациско писмо, подобрување на комуникациски вештини, како и планирање и реализирање проектни идеи. Курсевите се наменети за студенти, ученици, млади луѓе кои активно бараат работа или се веќе вработени и кои имаат потреба од усовршување на своите знаења и вештини.

Секој курс е бесплатен и е во времетраење од 20-­‐30 работни часа, а начинот на учење и следење на курсот го определуваат самите учесници. Курсевите може да се следат од компјутер, мобилен телефон или таблет. За секој курс учесниците се здобиваат со сeртификат. Веќе се достапни Е-­‐ курсеви на теми: Проектен менаџмент, Комуникациски вештини и Професионално портфолио, и можете уште веднаш да се пријавите.

Првиот циклус на Е-­‐курсеви започнува на 11-­‐28 Февруари, а вториот од 05-­‐25 Март.

Пријавувањето за првиот циклус е отворено до 10 февруари. За повеќе информации посетете ја веб страната: http://e-­‐region.eu/mk/

За повеќе информации контактирајте не на info@cid.mk и 078 350 171. Лице за контакт: Ивана Давидовска
Повеќе за проектот:

Проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од ‘Центар за меѓукултурен дијалог’ (Македонија) и ‘Европски Институт-­‐огранок Благоевград’ (Бугарија), ро рамки на програмата за меѓугранична

соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија ИПА (CCI Number: 2007CB16IPO007)

Проектот се заснова на развој на социјалната инфраструктура, интернет страна [www.e-­‐region.eu] за споделување и размена на информации, вести и разни образовни и можности за вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи.

Куманово 02.02.2015

Вашият коментар

Вашият email адрес няма да бъде публикуван Задължителните полета са отбелязани с *

Можете да използвате тези HTML тагове и атрибути: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>