КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ ОД ПРОЕКТОТ Е-­‐РЕГИОН

Почитувани,

Во рамки на проектот Е-­‐Регион, на конференцијата за медиуми ќе ги претставиме резултатите од конкурсот за претприемачки иницијативи co кој имавме за цел да ги поддржиме младите да ја претворат својата бизнис идеја во реалност. Заклучно со минатата недела потрагата по иновативни, ефективни и одржливи бизнис идеи заврши со избор на најдобрите. Oд примените идеи од Македонија првата награда ja доби Викторија Крстеска со иновативна идеја за веб апликација која ќе помогне да се следат попустите и понудите од македонската и бугарската страна на границата. Второ место на конкурсот е за идејата на Николчо Гошев кој предложи курсеви за онлајн учење и поддршка за нови бизниси.

Проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од Центар за меѓукултурен дијалог (Македонија) и Европски Институт (Бугарија), во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка Македонија-­‐Бугарија 2007CB16IPO007. Во рамки на проектот се реализираа и онлајн обуки за претприемништво и вештини за вработување кои се достапни на веб сајтот на проектот.

Куманово, 13 Јуни 2015

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>