Центар за меѓукултурен дијалог отпочнува нов проект

Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово во партнерство со Европски Институт-­‐огранок Благоевград од Бугарија започнуваат со реализација на проектот ‘E-­‐Регион: можности за развој’ кој ќе се реализира во следните 18 месеци.
Проектот се состои со различни активности со цел развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво, а се реализира во рамки на програмата ИПА за меѓугранична соработка (CCI Number: 2007CB16IPO007)

Проектот се заснова на развој на социјалната инфраструктура, интернет страна за споделување и размена на информации, вести и разни образовни и можности за вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи.

Покрај тоа за потребите на проектот и мапираните потреби на младите луѓе во Македонија и Бугарија ќе се имплементираат 2 обуки на тема претприеништво и различни интернет обуки преко кои младите ќе можат да ги подобрат своите организациски, комуникациски вештини.

За подигнување на свеста кај граѓаните кои живеат во пограничниот регион на Р.Бугарија и Р.Македонија ќе биде изработена и брошура која на јасен начин ќе ги запознае со претприемништвото. Брошурата ќе биде издготвена и испечатена на 3 јазици: Македонски, Бугарски и Англиски.

Куманово 20.12.2013

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>