Комуникациски вештини


Драги студенти, млади професионалци и ентузијасти за лично усовршување и развој,

способноста за комуникација и комуникацијата како базична вештина претставува клучна детерминанта на себе-реализацијата, односно предуслов за успех како на личен така и на професионален план.

Во исто време, со исклучок на интензивните периоди на личен раст и развој, кога активно се само-анализираме и активно се бавиме со себе и нашата интеракција со опкружувањето, ние всушност малку време посветуваме на нештото кое во најголема мера го предодредува квалитетот на нашите односи како со блиските лица, така и со нашите колеги, вработени, надредени, клиенти и партнери – начинот на кој комуницираме.

Многу често комуникацијата се изедначува со самата личност, единствено затоа што таа и е првиот приказ и на она што ние го носиме внатре во себе.

Сепак реалноста е малку поразлична. Ние можеби сме весела, позитивна и екстравертна личност, меѓутоа нашите воспоставени механизми на комуникација и начините на кои што стапуваме во релација со светот понекогаш не презентираат како несериозни и недоследни.

Можеби сте креативни и знаете многу, меѓутоа способноста јасно, концизно и соодветно да ги изразите вашите идеи и истите да бидат примени како и разбрани во насоката во која се дадени се две сосема различни работи.

На крајот на денот, начинот на кој комуницираме, кој го градиме од рана возраст и кој на многу нивоа и во многу аспекти е делумно несвесен всушност е нешто што во голема мера ќе ја определи нашата иднина.

Позитивните и добро изградени комуникациски вештини ќе ни овозможат да создадеме позитивен прв впечаток, да бидеме прифатени и да градиме позитивни релации, како со пријателите, така и со потенцијалните работодавачи, колеги, клиенти и соработници.

Оттука, влијанието на комуникацијата во сите аспекти на нашето секојдневно живеење е огромно. Целта пак на оваа онлајн програма е да даде една структура и рамка на она што секојдневно го искусуваме во процесот на комуникација со другите, да ја подигне нашата свесност за нашиот пристап при таа комуникација, да ни помогне да ги идентификуваме нашите силни, но и слаби страни и да направиме соодветни чекори во однос на подобрување на истите, а се со цел да ги реализираме однапред поставените цели.

ВИ ПОСАКУВАМЕ МНОГУ УСПЕХ!!!

1. Вовед во комуникација
Способноста ефективно да ја пренесете вашата порака е клучна за вашиот личен и професионален успех.
Вашите комуникациски вештини ќе влијаат врз првиот впечаток кој ќе го оставите, на тоа дали ќе бидете запаметени или не, како и дали ќе бидете повикани за следен разговор или средба.

Што е комуникација?.PPT
Видови комуникација.PPT
Видео – видови комуникација
Видео – Lost in translation

2. Ефективна комуникација
Комуникацијата е единствено ефективна доколку и праќачот и примачот ја поседуваат истата информација како резултат на процесот на комуникација.
Ова можеби изгледа едноставно, но најголемиот дел од нашите проблеми и конфликти се всушност резултат на некоја не-комуникација.
Овој дел е наменет да ви помогне да бидете поефикасни како во праќањето, така и во примањето на пораки.

Ефективна комуникација
Видео – ефективна комуникација
Видео – принципи на комуникација.
АКТИВНО СЛУШАЊЕ
Видео – The Big Bang Theory

3. КОЈ Е ВАШИОТ СТИЛ НА КОМУНИКАЦИЈА

Секој од нас поседува сопствен стил на комуникација кој е уникатен. Некои од нас повеќе зборуваат, други се потивки и порезервирани. Некои практикуваат веднаш да ја споделат поентата, други сакаат да дадат детална позадина и објаснувања пред да дојдат до темата на муабет.
Факт е дека ваквите индивидуални разлики го прават процесот на комуникација подинамичен и побогат, но во исто време се и основа за серија бариери и недоразбирања кои можат да се јават во една комуникација.

Стилови на комуникација.PPT
Видео – Indiana Jones

4. Комуникација во пракса

Додека комуникацијата на теми за кои се сложуваме со нашиот соговорник и која укажува на согласност и „добро“ правење на работите сите со задоволство ја споделуваме и ја примаме, комуникацијата чија содржина укажува на несогласување или потреба од унапредување на извесни работи понекогаш е тешко и да се сподели и да се прими.

Како да оставите добар прв впечаток?
Вежба – прв впечаток.
НЕ-ТОЛКУ ЛЕСНИ РАЗГОВОРИ
Квиз – колку сте асертивни?

5. ПИШАНА КОМУНИКАЦИЈА
Денес комуникацијата преку емаил и смс порака станува еден од најефективните модели на комуникација на работното место.
Брза и ефикасна доколку се користи соодветно, а во исто време ни обезбедува и пишан траг за она кое го разговараме и договараме.
Сепак добро составената писмена порака претставува вештина сама за себе, а истовремено треба да имаме во предвид и дека писмената комуникација не е соодветна за секоја ситуација.

Пишана комуникација