КОНКУРС ЗА ПРЕТПРИЕМАЧКИ ИНИЦИЈАТИВИ ‘МОЈАТА БИЗНИС ИДЕЈА’

Центар за меѓукултурен дијалог во соработка со Европскиот институт од Бугарија објавуваат конкурс за претприемачки иницијативи „Моја бизнис идеја“ кој се реализира во рамки на проектот “Е-­‐регион, можност за развој” реализиран во рамките на програмата за прекугранична соработка ИПА. На конкурсот можат да се пријават млади од двете држави со самостојни или заеднички идеи. Најдобрите идеи ќе бидат наградени со таблет и подршка за реализација на бизнис идејата.

Конкурсот e отворен до 24-­‐ти Мај, а сите заинтересирани може да ги претстават своите идеи преку испраќање на пријава. Повеќе информации за конкурсот и начинот на пријавување може да се најдат на веб страната на проектот www.e-­‐region.eu/mk
Повеќе за проектот:
Проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од ‘Центар за меѓукултурен дијалог’ (Македонија) и ‘Европски Институт-­‐огранок Благоевград’ (Бугарија), ро рамки на програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија ИПА (CCI Number: 2007CB16IPO007)

Проектот се заснова на развој на социјалната инфраструктура, интернет страна [www.e-­‐ region.eu] за споделување и размена на информации, вести и разни образовни и можности за вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи.

Куманово 18.05.2015

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>