Обука За Младинско Претприемништво Со Цид

Центарот за меѓукултурен дијалог на 6-­‐ти и 7-­‐ми март, организира Обука за претприемништво за млади.
Обуката е наменета за млади луѓе, студенти, невработени кои се интересираат за претприемништвото или имаат идеја да отпочнат свој бизнис. Поради специфичноста на проектот во чии рамки e организиран овој настан, обуката е особено наменета за млади луѓе кои работат или живеат во пограничниот регион со Р. Бугарија, односно во северо-­‐источен, источен и југоисточен плански регион.

Рокот за пријавување е до 22-­‐ри февруари, а сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: http://goo.gl/qDtK7j . Учеството е бесплатно.
За повеќе информации посетете ја страната на проектот: http://e-­‐ region.eu/mk/trainings/

За повеќе информации контактирајте не на info@cid.mk и 078 350 171. Лице за контакт: Ивана Давидовска

Повеќе за проектот:
Проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од ‘Центар за меѓукултурен дијалог’ (Македонија) и ‘Европски Институт-­‐огранок Благоевград’ (Бугарија), ро рамки на програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија ИПА (CCI Number: 2007CB16IPO007)

Проектот се заснова на развој на социјалната инфраструктура, интернет страна [www.e-­‐ region.eu] за споделување и размена на информации, вести и разни образовни и можности за вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи.

Куманово 12.02.2015

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>