Приклучете се на веб-­‐страната www.e-­‐region.eu

Центар за меѓукултурaен дијалог (ЦИД Куманово) е во фаза на изработка на интернет страна во рамки на проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој”, која ќе функционира како агрегатор за новости од здруженија на граѓани од Р.Македонија и Р.Бугарија.

Оваа интернет страна ќе собира информации од здруженија, агенции за стручно образование и добразование, и ќе објавува повици, можности за учење и работа, новини кои ќе може да ги користат индивидуалци, здруженија и образовни институции.

Преку поплнување на овој прашалник добивате можност за вашата интернет страна да биде поврзана со агрегаторот, кој директно ќе генерира информации од вашата интернет страна. На тој начин ќе имате можност да ги зголемите бројот на потенцијални посетители или корисници.

·∙Интернет страната www.e-­‐region.eu ќе прикажува податоци во неколку категории:
·∙НВО Вести (новини од здруженија)
·∙Учење и работа (новини поврзани со можности за учење, обука, волонтирање, работа и пракса)
·∙Прирачници (прирачници и останати едукативни материјали)

Повеќе за проектот:
Проектот “Е-­‐Регион: Можност за развој” има за цел подобрување на социјалната кохезија во меѓуграничниот регион на Македонија и Бугарија преку развој на онлајн алатки и промоција на претприеништво. Овој проект се реализира од ‘Центар за меѓукултурен дијалог’ (Македонија) и ‘Европски Институт-­‐огранок Благоевград’ (Бугарија), ро рамки на програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија ИПА (CCI Number: 2007CB16IPO007)

Проектот се заснова на развој на социјалната инфраструктура, интернет страна [www.e-­‐ region.eu] за споделување и размена на информации, вести и разни образовни и можности за вработување. Целта е да се воспостават врски помеѓу невработените млади луѓе, можности за работа, стручни училишта, студенти, електронски медиуми, граѓани, бизнис инкубатори и младински претприемачки идеи.
Куманово 20.10.2014

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>