Проектен менаџмент


Менаџментот е процес на планирање, организирање, координирање и контрола со цел завршување на извесна задача или пак остварување на извесни однапред дефинирани цели. Термините менаџмент и проектен менаџмент најчесто се поврзуваат со професионалниот ангажман, т.е. со начините на извршување на работата на работното место.

Сепак, исто како и на работа, и во секојдневниот живот ние постојано сме соочени со задачи кои треба да ги извршиме и за кои ги спроведуваме истите овие процеси на планирање, координација, контрола и организација, со таа разлика што истото се случува помалку структуирано и постихијно.

Целта на оваа обука е да ве воведе во основите на проектниот менаџмент преку анализа на вашите претходни искуства во менаџмент од секојдневниот живот, и да ви помогне тоа што веќе го поседувате како неформално знаење да го преточите во конкретни вештини од областа на проектниот менаџмент.

ВРЕМЕ Е ДА НАУЧИТЕ ДЕКА ОТСЕКОГАШ СТЕ ЗНАЕЛЕ ДА МЕНАЏИРАТЕ И СЕ ШТО ВИ ТРЕБА Е МАЛКУ ВЕЖБА.

1. Вовед во проектен менаџмент
Менаџментот е процес на планирање, организирање, координирање и контрола на широк спектар на активности и ресурси за да оствариме извесен резултат.
Проектното менаџирање или Project Cycle Management (PCM) означува имплементација на претходно наведените функции за да реализираме извесен проект односно оствариме извесна цел.

Проектен менаџмент.PPT

2. Проектно планирање
Секој проект започнува со извесна цел или резултат кој сакаме да го оствариме, а прв чекор во реализацијата на таа цел или резултат e планирањето. Планирањето подразбира анализа на проблемот кој сакаме да го решиме, идентификација на најдобрите пристапи за остварување на поставените цели.

Вовед во планирање.PPT
Анализа на проблем
Логичка рамка
SWOT
План на активности
Буџет

3. Менаџмент за резултати
Менаџментот базиран на резултати подразбира носење на одлуки кои секогаш ќе бидат во корист на долгорочните цели и приоретизирање на оние активности кои ќе значат поефикасно остварување на резултатите.

Менаџмент за резултати.PPT
Индикатори

4. Менаџмент на ризици
Процесот на успешно менаџирање на еден проект подразбира и менаџирање на ризиците поврзани со негова успешна реализација, а со цел да се минимизираат шансите за неуспех односно делумно или целосно не-остварување на целите на проектот.

Менаџирање со ризици.PPT
Идентификација на ризици
Приоретизација на ризици

5. Менаџмент совети
ДА СЕ РАБОТИ НЕ ЗНАЧИ И ДА СЕ СРАБОТИ.

Менаџмент совети.PPT