Професионален профил (CV, Мотивационо, LinkedIn)


Без разлика дали сте студент кој за прв пат се соочува со идејата за барање работа, или пак професионалец со долги години искуство зад себе, процесот на барање работа секогаш е исполнет со многу предизвици.

Од избор на потенцијални места на кои можете да аплицирате, до анализа на вештини кои ги имате и/или кои ви се потребни, изработка на CV, мотивационо писмо, професионални профили … па се до интервјуто како финален чекор во процесот – сето ова бара голема посветеност и време.

Оваа обука ќе ви даде основни насоки за секоја од етапите на процесот и помош при изработка на клучните документи, а се со цел пред работодавецот да се презентирате во најдобро светло.

Развијте одлично CV, Мотивационо и LInkedIn профил и подгответе се за вашата работа од соништата.

1. Изберете го вашето идеално работно место
Комплетирањето на образованието најчесто е првата точка од која почнуваме да размислуваме за развојот на нашата кариера.
Реалноста укажува дека изборот на првата работа нема да зависи само од нашите желби, но и некои очигледни ограничувања, како нашето искуство, вештини и тоа што е достапно како потенцијално прво работно место.
Сепак, важно е да се размислува не само каде можеме туку и каде сакаме да работиме. Така ги поставуваме целите за во иднина.

Каде сакам да работам?.PPT
Прашалник за кариерни опции
Анализа на работно место
Прашалник-преносни вештнини.
Табела – специфични работни вештини

2. Изработете професионално CV
CV-то претставува ваша промоција чија основна цел е да ги нагласи вашите компетенции. CV-то е многу повеќе од технички документ, тоа има за цел да покаже зошто сте вие солиден кандидат и вреден ресурс за компанијата и работното место за кое аплицирате.
CV – основни податоци.PPT
CV формати/модели.PPT
CV – Europass формат
CV во комбиниран формат, инструкции за изработка

3. Мотивационо писмо
Исто како и CV-то, добро составено мотивационо писмо е особено значајно во процесот на барање работа.
Мотивационото писмо уште се нарекува и придружно писмо, што значи дека има за цел да даде дополнителни информации за вас како успешен кандидат, кои не се содржани во вашето CV.
Мотивационото писмо е и простор каде имате повеќе слобода за прикажување на својата автентичност, лични карактеристики и други дополнителни предности за кои вообичаено нема место во CV-то!
Напишете успешно мотивационо писмо.PPT

4. Вашиот нов/обновен LinkedIn профил
LinkedIn е професионална мрежа која ќе ви даде можност да воспоставите контакт со потенцијални компании кои се од ваш интерес, да им се претставите на клучни индивидуи кои можат да ви помогнат во добивање на работата која ја сакате, како и директно да ги следите потребите за вработени на компаниите кои ви се од интерес;
LinkedIn се користи и за директно барање на потенцијални вработени, па оттука отвара можност вие да бидете најдени и директно контактирани од страна на работодавачите;
Изградете одличен LinkedIn профил.PPT

5. Интервју за работа
Интервјуто претставува клучен момент и главна можност да ја добиете работата!
Подготовка за интервју.PPT
Интервју – проверете што сте научиле!