Обуки


Од 6-ти до 7-ми март, Центар за меѓукултурен дијалог, во рамки на проектот Е-регион, организира обука за претприемништво за млади.

biznis 3_new

Дводневната обука за претприемништво има за цел да ги презентира основите на започнување на претприемничка иницијатива и на учесниците ќе им помогне да изработат потенцијална бизнис идеја. Оваа обука ќе ги опфати клучните аспекти и поими поврзани со еден бизнис, главни карактеристки на успешен бизнис и ќе им понуди практични алатки на учесниците при изработка на свој бизнис план. Обуката ќе даде осврт и на е-бизнис и важноста на меѓународно вмрежување при реализација на бизнис идеја.

Програмата ќе ги опфати следните елементи:
 Клучни поими во претприемништвото
 Главни карактеристики на успешни бизниси
 Дефинирање и развивање на претприемачки концепт
 Можности за е-бизнис и меѓугранична соработка
 Програми и мерки за млади претприемачи

Програмата е концепирана да се базира на претходните искуства и знаење на учесниците и охрабрува споделување помеѓу учесниците. Програмата има за цел да стимулира промена, раст и развој, како и да го поттикне претприемништвото кај младите луѓе. Оваа обука ќе им помогне на младите луѓе да преземат иницијативи и активно да делуваат, а ќе создаде простор за рефлекција кај учесниците.

Обуката е наменета за млади луѓе, студенти, невработени кои се интересираат за претприемништвото или имаат идеја да отпочнат свој бизнис. Обуката е особено наменета за млади луѓе кои работат или живеат во пограничниот регион со Р.Бугарија, односно во северо-источен, источен и југоисточен плански регион. На обуката покрај учесници од Македонија, ќе има и учесници од Р.Бугарија, што ќе биде добра можност за вмрежување и остварување на нови контакти.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку потполнување на пријава за учество најдоцна до 22 февруари 2015 година.