Конкурс за претприемачки иницијативи „МОЈАТА БИЗНИС ИДЕЈА”


Имате идеја за бизнис? Еве како може да ја реализирате

Во рамки на проектот Е-Регион, распишуваме конкурс за претприемачки иницијативи, кој ќе им помогне на младите да ја претворат својата бизнис идеја во реалност. Во потрага сме по иновативни, ефективни и одржливи бизнис идеи. Сами или во тим, пријавете ја вашата бизнис идеја, најдоцна до 01 Јуни. Најдобрите идеи ќе бидат наградени!

Конкурсот се реализира од Центар за меѓукултурен дијалог и Европски институт-Благоевград (Бугарија), како дел од проектот “Е-Регион: Можности за развoj”, реализиран во рамките на програмата за прекугранична соработка ИПА (CCI Number 2007CB16IPO007). Целта на конкурсот е да го привлече интересот на младите во Р. Бугарија и Р. Македонија кон можностите за развивање на претприемничките вештини и креативни идеи за започнување на бизнис.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

➢ Со овој конкурс сакаме да мотивираме пред се млади луѓе кои бараат простор за реализирање на своите идеи. Истиот е наменет пред се за граѓани кои живеат или работат во прекуграничниот регион помеѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, и се на возраст помеѓу 16-35 години.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

➢ Предлозите треба да содржат оргинална идеја за претприемничка иницијатива (со особен акцент на е-претприемништво). Иницијативата треба да има позитивно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на населението во прекуграничниот регион Р.Македонија и Р.Бугарија.
➢ Крајниот рок за добивање на предлозите е 01.06.2015 г.
➢ Секој кандидат може да поднесе само една понуда за претприемничка иницијатива.
➢ Предлозите треба да бидат доставени преку пополнување на формулар за пријавување. Предлозите се испраќаат само во електронска верзија на следните е-мејл адреса: e.region.project@gmail.com
➢ Со земање на учество во натпреварот, учесникот гарантира дека неговата презентација за претприемничката иницијатива е авторска и дека не крши никакви права на потенцијаното вклучување на трета страна, како и дека не крши никакви закони, особено не Законот за авторското право и права сродни кон овој закон.
➢ Учесниците во натпреварот ги задржуваат сите авторски и сродни права на доставените предлози. Сепак, тие ќе им го дадат правото на организаторите на натпреварот за бесплатно користење на нивните предлози за информатички и комуникациски активности, како и за промотивни цели поврзани со натпреварот. Предлозите нема да бидат искористени со комерцијални цели во контекст на ниту една од овие активности.
➢ Личните податоци дадени од страна на учесниците ќе послужат само за целите на натпреварот и нема да бидат дадени или користени од трета страна.

ЖИРИ КОМИСИЈА

➢ Жири комисијата е составена од: :
• Претставници на организациите, организатори на конкурсот;
• Експерти во областа на комуникации и претприемништво.

КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНКА НА ИДЕЈНИТЕ ПРОЕКТИ

• Креативност и оригиналност на идејата
• Познавање на тематиката/ согласно со темата на натпреварот
• Разбирлива содржина на предложената иницијатива
• Потенцијал за реализација
• Можности за одржливост во реализација на бизнис идејата

ИЗБОР НА ПОБЕДНИЦИТЕ И НАГРАДИ

➢ Трите најдобри идеи ќе бидат наградени. Прво-рангираниот предлог ќе добие предметна награда – таблет, а второ и трето рангираните предлози ќе добијат паричен фонд во висина од 3000 ден за почетна реализација на иницијативата.
➢ Предвидени се и утешни награди за првите 15 предлози во форма на промотивни и информативни материјали.
➢ Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на 05.06.2015 г. на интернет порталот http://e-region.eu и на интернет страните на организаторите.

Целосниот повик и апликациската форма ќе може да ги пронајдете на следниот линк:

Aпликациската форма